РЕК Битола склучила ист тендер, но 7 милиони евра поскап од ланскиот, тврди ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

РЕК Битола годинава склучила коруптивен договор: За истиот тендер лани, компанијата платила 13 милиони евра, а годинава 20 милиони, обвинија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„На 22.11.2022 година во РЕК Битола се склучува  коруптивен договор во висина од 20 милиони евра. На тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума – токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат.


Најстрашно е што кога имало конкуренција во претходната 2021 година за истата услуга на истиот оглас во договор од 24.06.2021 година во РЕК Битола платиле 13 милиони евра што е за 7 милиони евра помалку.

Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13,5 милиони евра паднала на 13 милион евра т.е. имало намалување од половина милион евра. Како е можно за истиот тендер минатата година РЕК Битола да платила 13 милиони евра, а оваа година 20 милиони евра, цели 7 милиони евра повеќе“,праша Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ.