Порртпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека бил потпишан договор тежок 632.000 евра со кој РЕК Битола набавува од семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино!

Тој е единствен понудувач, а според РЕК Битола, „оваа набавка е неопходна за превенција за заштита од емисии на прашина на отворено, особено при високи температури, суво и ветровито време”, така е наведено во одговорот од РЕК Битола за медиумите, вели портпаролот Наум Стоилковски.

На 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДС, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс” со седиште во Пепелиште. Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс” се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)”. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски.

Стоилковски, потсетува дека со владина одлука од 14 јуни, ТЕЦ Неготино АД во сопственост на државата е присоединето со АД ЕСМ, а во тек било склучувањето на спогодбата за присоединување.

„Е па почитувани, јасна е намерата, уште повидлив е судирот на интереси“ вели Стоилковсѝки и прашува:

„Зошто во услови на тешка криза енергетска и финансиска сега се прави набавка за суви, топли денови?

Дали причината е токму присоединувањето на ТЕЦ Неготино, управувано од кадар и функционер на СДС со АД ЕСМ, односно да се фати последниот воз за набавка“? – вели портпаролот