Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи се огласи по три дена молк и соопшти дека официјално се повлекува од фукцијата.
Во соопштение до јавноста тој пишува дека изминативе денови се водела жестока и навредлива кампања против него, на која тој не реагирал.
Но вели дека е подготвен да одговара пред Бога и пред законот, ако некој смета дека направил пропусти. (Сител)