Реисот Сулејман Реџепи упати закана до вицепремиерот Бујар Османи и до владат дека ќе ги повлечат повиците за заштита од пандемијата ако на ИВЗ не и дадат помош.
Реџепи вели дека пратиле порака до Османи како координатор на кризните штабови да им го дадат нивниот дел од помошта, но дека немаат одговор од владата.
„ Ќе пуштиме пак барање, ако не ни одговорат знаеме како да ги потсетиме. Зошто не дај Боже ако ги повлечеме нашите повици за пандемијата… “рекол Реџепи. „Плусинфо“