Реис-ул улема Фетаи: Одложување на стабилизацијата ќе биде фатално за ИВЗ и муслиманите

Реис-ул улема Шаќир Фетаи смета дека неодамнешните промени во ИВЗ се резултат на незадоволството на верниците, а овој процес бил воден од муфтиите на муфтивствата и од членовите на Ријасетот на ИВЗ.

„Сега, како прв човек на ИВЗ сакам да бидам искрен и ќе кажам дека оваа институција ја најдовме како како руина, голем брод што се тресе од бурите и морските бранови – и во авторитетната и во материјалната сфера, па време беше оваа осцилација да запре и да се стабилизира. Секое одложување би било фатално за ИВЗ и за муслиманите воопшто. Во служба на ова се приклучија сите муфтии и координатори на муфтиствата и некои членови од Ријасетот, и ја донесовме одлуката што веќе ја знае јавноста, која беше крунисана со оставката на поранешниот поглавар”, вели поглаварот на Исламската верска заедница на Македонија Шаќир Фетаи, во интервју за Журнал.мк “.

На прашањето колку влијаат политичките случувања дома и во странство врз предизвиците низ кои поминува ИВЗ поглаварот на ИВЗ со оценка дека е сосема нормално ИВЗ да се соочува со тенденции на политичко влијание.

“Ова постоело и ќе постои. Од нас ќе зависи колку сме способни и свесни за овие тенденции. Она што е сигурно е дека ќе бидеме бескомпромисни во одбраната на автономијата на ИВЗ во нејзината активност. Исламската верска заедница е натпартиска и ќе се обиде најдобро што може тоа и да го докаже, со соработка со сите, но во служба на остварување на основните цели на ИВЗ, со цел да биде организам на здраво претставување на исламот и фактор на креативност во благосостојбата на општеството во целина. Ова главно ќе зависи од нас самите, соодветно и од сите тела на ИВЗ. Убеден сум дека ќе успееме, бидејќи имаме тела свесни за движењето на ИВЗ сега и во иднина. Во оваа прилика, би ги замолил политичките субјекти да не даваат несовесни изјави во врска со ИВЗ, бидејќи таа е отворена за соработка со целиот политички спектар во земјата.

Ќе се обидам да имаме институција што ќе дише исламски, со нов дух, каде примарни ќе бидат моралот, хуманоста, духовноста, консултациите, дебатата, дијалогот, слободната мисла конструктивност… ИВЗ ќе биде натпреварувачко тело за доброто, отворено за сите, особено за сите верници, без оглед на националноста, но во исто време ќе соработува со сите релевантни фактори во општеството – од локално до оние на републичко и меѓународно ниво – со цел да ги постигнат своите цели и да бидат фактор на стабилност, мир, солидарност и креативност во нашето општество”, вели поглаварот на ИВЗ во интервјуто кое го пренесува мкд.мк.