Регистрирани 75 случаи на корона, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле регистрирани 75 нови случаи на ковид-19 од направени 887 тестови.

Половина од новите случаи се во Скопје, каде се регистрирани 38, потоа следат Куманово – 8, Велес – 6, Кавадарци – 4, Охрид, Кичево и Гевгелија – по 3, Битола, Прилеп и Штип – по 2, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово – по еден.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 21 реинфекции.


Регистрирани сe 99 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.