Измените на Законот за матична евиденција предложен од Владата, со кои само со изјава на нотар може во документите да се промени полот, маж да стане жена и обратно, е неприфатлив за опозицијата, но и за владејачката Алтернатива. На собраниската Комисија за политички систем утре пред пратениците ќе се најдат измените на законот.
-Апсолутно не смее да помине предлогот бидејќи се коси со основните начела на семејството. Веруваме дека пратениците ќе бидат совесни и дека нема да го нарушат принципот на семејство во нашето општество и дека нема да го изгласаат законот. Законот ќе овозможи склучување на истополови бракови. Ова е класична измама која на подмолен начин сака да ги легализира ЛГБТ браковите. Која е логиката само со нотарска изјава да се промени полот? Тоа е злоупотреба на транслицата во служба на ЛГБТ, параван за истополови бракови. Ова е циркус којшто само кај нас може да се случи – вели пратеникот од Алтернатива Скендер Реџепи.