Еден од твитерџиите кои имаат добри и брзи информации за македонските политички состојби јавно го прашува екс премиерот Никола Груевски дали е вистина дека владата ги намалила казните за корупција и злосторничко здружување во Кривичниот законик во замена за негова поддршка за уставни измени.

Вчера порталот СДК цитираше владини извори кои тврдат дека законот бил сменет за да се овозможи да застарат дела на Груевски и негови соработници.


Преходно Груевски демантираше дека имал контакти со владата со цел договор за помош при уставните измени.

Добро упатени извори велат дека дури и ако Груевски сака да учествува во таков договор тој нема контрола на ниту еден а камо ли на најмалку 8 пратеници кои и се потребни на власта за да влезат Бугарите во уставот.

Прашањето на профилот Рејмонд Редингтон до Груевски

Упатен скопски адвокат дава сосема поинаква причина за промената на КЗ

Кривичниот законик сменет за екс функционер на СДСМ кој ќе каже сѐ ако оди в затвор, тврди скопски адвокат