Иако бројката се намалува сепак се уште огромен број бугарски граѓани не се согласуваат Македонија да почне претогвори пред да ги прифати радикалните барања на источниот сосед.

Дека не треба да се дозволи почеток на преговорите без да се решат отворените прашања сметаат 69 отсто од Бугарите. Во ноември 2020 г. со ваков став биле 81,1 отсто.

Ова истражување ќе предизвика уште поголем притисок врз бугарските власти при носење одлука за кревање на ветото за Македонија.

Во истражувањето има и трендови кои може да се посматраат позитивни за Македонија.

Истражувањето на јавното мислење кај истиот обидот сосед покажува дека во Бугарија расте процентот на оние граѓани што сметаат треба да се каже „да“ за почеток на преговори на Република Македонија со ЕУ и без претходно да се постигне договор за отворените прашања. На таков став се 29,6 отсто од испитаниците што е раст од околу 13 проценти во споредба со ноември 2020 г.

Речиси 61 отсто од бугарските граѓани сметаат дека Република Македонија
треба да стане членка на Европската Унија (ЕУ), покажуваат резултатите од анкетата што вечерва ја објави Бугарската национална телевизија (БНТ).
Ова е одговор на прашањето – каков е принципиелниот интерес на Бугарија за членството на РМ во ЕУ, ако се остават настрана спорните прашања.

60,9 отсто од Бугарите одговориле дека земјава треба да стане членка на Унијата, а 32,2 отсто од испитаниците рекле дека Северна Македонија не треба да стане членка на ЕУ.

Интересни се и споредбите на ставовите на граѓаните на прашањето – дали треба да се каже „да“ за почеток на преговорите и без да се постигне договор на отворените прашања помеѓу Бугарија и Северна Македонија.

29,6 отсто од испитаниците одговориле „да“ што во оваа анкета е пораст за околу 13 отсто во споредба со одговорите дадени во истражувањето во ноември 2020 г. кога позитивно одговориле 16,9 отсто.

Мнозинството (како и Петков) сметаат дека треба да се надградат сегашните позиции на владите
Анкетата на „Алфа рисрч“ открива и дека 61,9 отсто од испитаниците сметаат оти новите влади на Бугарија и на Северна Македонија треба да ги задржат сегашните позиции, но и да ги надградат за да се деблокираат преговорите на земјава со ЕУ.

12,4 отсто, пак, сметаат дека треба да се остане на актуелните позиции, додека 25,7 отсто се на став оти треба да се изградат целосно нови позиции.

На прашањето, пак, кои теми треба да влезат во преговорите со РСМ пред Бугарија да донесе одлука за тргање на ветото – 80,1 отсто од Бугарите одговорите „историјата“. „Образование и култура“ одговориле 76,1 отсто, економија и транспортни поврзувања 65,5 отсто, а инфраструктура 63,3 отсто.

Секој шести Бугарин има роднини во Северна Македонија
Интересен момент од истражувањето кој го истакнува БНТ е и дека секој шести Бугарин има роднински врси со РСМ. На прашањето дали меѓу роднините, вклучително и далечните, имате луѓе со корени од географската област Македонија, со „да“ одговориле 17,3 отсто. 81,9 отсто рекле „не“, додека 0,8 отсто не знаеле.