Речиси 17.000 вработени не добиле февруарска плата

Околу 7 илјади компании со 16.888 работници немаат поделено февруарска плата, а од УЈП веќе добиле опомена, вели директорката Сања Лукаревска.

„Сите оние кои што немаат исплатено плата во законски предвидениот рок, доставени им се опомени меѓутоа исто така телефонски ќе бидат исконтактирани и веќе се контактираат за да се најде соодветно решение како би можело да ги изменаџираат своите долгови се до моментот на носење на финансиската поддршка.“ / „Онаму каде има злоупотреби каде сме виделе дека и наназад не се испалтени плати, тука ќе постапуваме согласно наши надлежности од Закон за даночна постапка.“ истакна директорката на УЈП

Од овој месец почнува и враќањето на дел од средствата кои изминатата година ги земаа фирмите. Враќањето ќе биде на три рати, без камата. Лукаревска информираше дека за сите мерки вкупно Владата во стопанството искеширала 135 милиони евра, од нив назад во буџетската каса треба да се вратат околу 20 милиони евра.