Реакција на охриѓани за „прескокнувањето“ на Водици: Комунизам било, ова не било

Откажувањето на традиционалното одбележување на големиот христијански празник поради епидемијата на Ковид-19, како и казните за групирање што полицијата им ги напиша на групата од педесетина охриѓани кои, сепак, влегоа во водите на Охридско Езеро, измамија реакција од охриѓани.

„Комунизам било, ова не било“, пишуваше на еден транспарент.