Корупцијата што постои во Бугарија и во други три членки на ЕУ и НАТО се употребува од страна на официјална Москва за остварување на стратешките цели на претседателот Путин и неговата администрација.
Ова се заклучува во извештајот на американското национално разузнавање кој е објавен минатиот месец а важи за состојбите заклучно со јануари годинава.
Во ,,Годишната проценка на закани” на националната разузнавачка заедница на САД објавена од директорот на националното разузнавање на страна 11 се зборува за четири ЕУ членки каде има корупција а каде Русија ја злоупотебува оваа појава за свои интереси.
,,Русија ја користи корупцијата како ефективна алатка за надворешна политика за да ги унапреди своите геополитички цели и да купи влијание други земји; сепак, тоа служи и како долгорочна домашна ранливост, како и како засилување на Руските економски перформанси и способност за привлекување инвестиции.
Русија ја користи корупцијата за да помогне во развојот на мрежи за влијание во земјите, вклучително и во Унгарија, Бугарија, Словачка и Украина, да влијаат на донесувањето одлуки и да помогнат во извршувањето на руските надворешни работи цели на политиката”, стои во извештајот.
Со информацијата на американското разузнавање се обновуваат дилемите дали одлуката на Софија за блокада на Македонија во ЕУ е резултат на руското влијание на Бугарија која надвор од сите интереси на ЕУ го блокира полето на преговорите на Македонија во унијата.
Линкот до Целиот извештај на разумзвањето на САД во овој твит објавен на Твитер од профил упатен во меѓународните случувања на ова поле.
❗️ Русија ја користи корупцијата во Бугарија, за да влијае врз донесувањето одлуки и да помогне во извршувањето на целите на Руската надворешна политика.
–
🎙 извор, февруари 2022 👉https://t.co/Lb7KcevlLF pic.twitter.com/QA2sqIrkyX— Демир (@Trollowsky) March 11, 2022