Разрешен претседателот на Врховен суд, Јово Вангеловски

Судскиот совет денеска донесе одлука да го разреши судијата Јово Вангеловски од функцијата претседател на Врховниот суд поради, како што се наведува, нестручно и несовесно постапување.

Вангеловски има право да поднесе жалба за одлуката до Врховниот суд.

Неофицијално, нов В.Д. претседател на Врховен е судијата, Фаик Арслани.