Владата на 93. седница ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа.

Како што се наведува во владиното соопштение на оваа позиција Владата одлучила да ја именува Славица Котиров, досегашен заменик-директор на Царинска управа. 

На 12 јули на Сугаревски му бил последен работен ден како в.д. директор на Царинската управа, откако во меѓувреме беше донесена одлука тој да се кандидира за градоначалник на Прилеп на локалните избори.