Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски, остварил средба со амбасадор на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.
Мицкоски на средбата нагласил дека прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата КОВИД-19 и преземање на мерки против здравствените и економските последици од истата.
“Истакнав дека за ВМРО-ДПМНЕ стратешки приоритет е полноправното членство во ЕУ, но дека тој пат подразбира конкретни реформи кои примарно мора да се насочат кон реформа на правосудниот систем и борба со корупцијата.
Истовремено, додадов дека моето очекување е дека патот на Македонија кон полноправно членство мора да биде гледано единствено низ призмата на остварувањето на објективните критериуми за членство и во таа смисла очекувам што поскоро отворање на пристапните преговори”, се вели во изјавата на Мицкоски.