Најновото мерење на рејтингот на политичките партии покажува дека расте водството на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ и другите политички субјекти.
Ова го покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет Вижн.
Анкетата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на другите политички партии.
На прашањето за која партија ќе гласате на наредните избори, 21,8 отсто од испитаниците се за ВМРО-ДПМНЕ, 12,4 % за СДСМ, 8,2 % за ДУИ, за Левица би гласале 4,5 %, за Алијанса за Албанците 3,7 %, за Беса 2,3 отсто… Повеќе од 40 отсто одговориле со „не знам“, „не сакам да откријам“ или „ќе го поништам ливчето“.
На последната анкета на Маркет Вижн во Ноември минатата година ВМРО-ДПМНЕ имало 18,6 проценти доверба а СДСМ 9,4.
Предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ од анкетата на истата агенција од пред 4 години покажува зголемување на разликата за ВМРО-ДПМНЕ за речиси 10 пати.
Анкетирањето беше спроведено од 6 до 16 февруари со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.067 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 95%). Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.
Каква е ситуацијата со популарноста на лидерите
Премиерот Ковачевски ја губи трката со Мицкоски, мерење на популарноста на лидерите