Твитер профил кој е запознат со судско-полициските процедури и има информации за политичко-обвинителските односи и настани открива дека денеска требало да почне распитот на сведоци и осомничени за смртта на 46 лица во автобуската несреќа во Бугарија.
Минатата недела суспендираната обвинителка за организиран криминал Русковска објави дека неделава требало да почне со распит на сведоци но дека тој нема да почне затоа што таа е суспендирана.
Русковска не кажа директно дали меѓу тие што би биле повикани на распит е и министерот Спасовски кој 3 месеци држел во фиока документи за регистрација на автобусот што изгоре во Бугарија но потврди дека сите документи со докази се прибрани и не го отфрли Спасовски како повикано лице.
,,Дали знаете, дека на 22.08.2022, требаше да почне распитот на сведоци и осомничени за случајот Беса Транс во кој загинаа 46 лица во Бугарија ?
–
⏹️Распитот не е започнат, зошто на 16.08.2022, Љубомир Јовески ја суспендира Вилма Русковска” пишува во твитот на профилот кој објавува и прецизна временска рамка на случајот Спасовски и станицата за технички преглед каде се регистрирал автобусот на Беса транс што изгоре во Бугарија.
Според инфографиката на 25 август 2021 година Бирото за јавна безбедност испраќа до министерот Спасовски барање за забрана за работа на Виа Комерц Џемаљ, станицата за технички преглед каде е регистриран автобусот на Беса Транс.
На 5 Октомври 2021, единаесет дена откако Спасовски добива барање од полициски експерти да ја забрани работата на сервисот поради низа причини, автобусот кој се запали со 46 патници во Бугарија поминал регистрација во Виа Комерц Џемаљ.
По цели 93 дена откако од оперативци на БЈБ Спасовски добива аргументирано барање за забрана на станицата за технички преглед и го чува во фиока, се случува несреќата во која гинат 46 луѓе.
Само три дена подоцна Спасовски потпишува решение со кое ја забранува работата на Виа Комерц Џемаљ.
Доказите за однесувањето на Спасовски и сите други актери во случајот според Русковска се веќе прибрани и обезбедени.
Зошто Спасовски кој има директни ингеренции за носење на решение чекал повеќе од 3 месеци за едноставно надминување на проблемот требаше да открие расиптор на сведоци кој сега е одложен на неодредено време а за индициите засега молчат и МВР и министерот.
Според поставеноста на МВР министерот има директна ингеренција за носење ваков вид решенија и Спасовски речиси извесно ќе бил дел од распитот на повиканите сведоци кои ќе почнеше денеска доколку Јовески не ја суспендираше Русковска.
Обвинителката Русковска завчера негираше дека било планирано апсење затоа што јавен обвинител никогаш не може да зборува јавно за апсење на осомничен особено ако е висок функционер во владата, но таа не негираше дека се работи за можен распит на Спасовски односно на министер во владата.
Дали Спасовски во распитот првично бил планиран да биде повикан како сведок или осомничен Русковска не се открива иако тоа е помалку важно затоа што многу често сведоци повикани на распит подоцна стануваат осомничени и обвинети.
Русковска со изјавата дека ги собрала и обезбедила сите потребни докази не остави никаков простор за дилема дали случајот Спасовски – Виа Комерц Џемаљ е спорен по било која основа.
Овие докази со суспензијата на Русковска од страна на државното обвинител Љубомир Јовески кој е избран од владата каде Спасовски е еден од најмоќните ликови, сега ќе чекааат со месеци, особено ако во среда од страна на дисциплинската комисија на Јовески, Русковска биде трајно одстранета од својата функција од која се бори со организираниот криминал.
Доколку на распитот министерот Спасовски не дадеше соодветни објаснувања за чувањето во фиока на барањето на БЈБ за забрана за работа на Виа Комерц Џемаљ тој по основа на опасноста дека може да ја напушти Македонија, да влијае на сведоци и да го повтори делото ќе мораше да се соочи со обвинителско барање за притвор.
Распитот засега е одложен со суспензијата на Русковска од страна на Јовески кој е поставен од СДСМ но доказите се веќе собрани а кривичното дело кое оди кон повеќе членови од Кривичниот законик не застарува ниту ќе биде заборавено.