Распишан тендерот, по 90 месеци ќе добиеме нов Клинички центар

Министерство за здравство денеска го распиша тендерот за изградба на нов универзитетски Клинички центар во Општина Ѓорче Петров, на локацијата Веле поле.

Клиничкиот ќе се гради по моделот „клуч на рака“, а рокот за реализација е 90 месеци.

Изградбата ќе стартува на почетокот на следната година, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра, што ќе се обезбедат со кредит од три комерцијални банки кои доставиле најдобра понуда.

Изградбата ќе се одвива во три фази: првата фаза би завршила по 3,5 години, а последната по седум години.

Планирано е најпрво да се префрлат хируршките клиники, операциските сали и Ургентниот центар, а потоа и клиниките за гинекологија, за педијатрија и за онкологија.