Распишана потерница по Владимир Панчевски

Поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Распишана е потерница по Владимир Панчевски, а се проверува дали ја напуштил државата. Полициските службеници во три наврати не го најдоа на посочената адреса“, рече Чулев . 


Основниот суд Велес, на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој е обвинет.