Најмалку еден член на претседателството на Друштвото на писатели на Македонија го обвинува претседателот на оваа реномирана аосцијација Христо Петрески за кршење на статутот, за приватизација и манипулација со тимот кој ја води ДПМ.
Христо Петрески
Попладнево членот на претседателството на ДПМ Бранко Цветковски се повлече од ова тело со образложение дека не сака да учествува во деградација на достоинството на македонските писатели.
Бранко Цветковски
,,За да нема нејаснотии и простор за манипулации, ева ја и мојата најавена оставка на седницата на Претседателството на ДПМ, на 4 ноември”, стои во објавата на Цветковски упатена до претседателството
на Друштвото на писателите на Македонија
,,Почитувани,
Поради непочитување и кршење на статутарните одредби на најголемата писателска организација во Македонија, поради приватизирање и манипулирање со тимското работење и колективниот одлучувачки капацитет на нејзиното Претседателство, од страна на претседателот на ДПМ, со што се засили опаѓањето на угледот на асоцијацијата меѓу членството и натамошната деградацијата на писателското достоинство во националниот културен контекст, поднесувам НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА на моето членство во Претседателството. Скопје, 5 октомври, 2023″, стои во дописот на писателот Бранко Цветкоски до ДПМ.