Според фотографија за која се тврди дека е снимена попладнево екс генералниот секретар на владата и најблизок соработник на премиерот Заев, Драги Рашковски слободно се шетал низ скопската населба Аеродром
каде што живее.

Рашковски подолго време е во притвор но од судот или обвинителството засега до јавноста нема информација дека против него се укинати мерките со кои треба да се обезбеди дека нема да го повтори делото, нема да избега или дека ќе влијае на сведоците.

Доколку Рашковски не добил укинување на мерката притвор тој прави ново кривично дело со кршење на судска наредба .

Доколку пак тој е пуштен од притвор тогаш станува јасно дека сите луѓе блиски на власта како Рашковски и Зоран Милевски Кичевец имаат посебен статус пред законот а сите тие што се критичари на власта како Орце Камчев се во дискриминирана позиција.

Камчев беше притворен со образложение дека може да избега при што се користеше фалсификувана белешка на АНБ а против Рашковски има повеќе истраги за различни дела за кои јавноста веќе виде низа сериозни докази.

httpss://twitter.com/Trollowsky/status/1438167953959264265?s=19