Рашковски имал уште една функција во владата: Ја водел битката со Ковид19?

Екс генералниот секретар во владата Драги Рашковски кој сега е советник за мониторинг на проекти во кабинетот на премиерот Заев е одговорен за справување со Ковид-19 кризата во македонската влада.

Рашковски ова го тврдел на повеќе луѓе уште во текот на минатата 2020 година.

Досега владата не објавила информација според која Драги Рашковски е одговорен за борба против пандемијата.

Рашковски кој сега се гони за корупција во случајот “Набавка на сопствен софтвер што МВР не го користи” официјално во кабинетот на премиерот Заев се води како секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма.

Владата досега не открила дека моќниот Рашковски има и ваква функција.

Од почетокот на кризата одговорен за битка против Ковид19 е министерот Филипче и шефот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Повеќе извори тврдат дека Рашковски пред странски фактори се фалел дека токму тој во владата е одговорен за битка со Ковидот.

Рашковски уште од пред враќањето од одморот во Мексико е предмет на предистрага на Јавното обвинителство кое веќе влезе во фирмата на која секретарот и платил 80 илјади евра, во владата и во домот на најблискиот соработник на премиерот Заев.

За Рашковски има повеќе случаи кои се воделе и во Антикорупциската комисија која исто како и обвинителството не му верува на Заев дека се е чисто при набавката на софтверот кој никој не го користи.

Најчитано

Што беше тоа сочувство?

Заев и Филипче и денеска на мотор, семејствата на починатите и болните во траор (ВИДЕО)