Рашковсаки излегува од домашен притвор

На поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, му се укинува мерката куќен притвор откако тој достави гаранција во вредност од 11.868.762 денари (околу 192.000 евра) во недвижен имот.

Грчева се чуди зашто Рашковски слободно оди на шопинг

Рашковски беше во куќен притвор од јули ова лето, откако беше прогласен за виновен за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ во предметот наречен „Софтвери“ и беше осуден на осум години затвор.

Во одлууката на Апелациониот суд Скопје се вели:

…постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ – 816/23 на нејавна седница на ден 03.11.2023 година, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ja одби како неоснована и донесе решение со кое го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е укината мерката куќен притвор и прифатена гаранција како мерка за обезбедување присуство против обвинетиот Д.Р. од С., во рамките на кривичната постапка која се води против обвинетиот, а поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 на Кривичниот законик“.