Израел ја затвора годината со нови напади во централна и јужна Газа, предизвикувајќи нов егзодус на луѓе веќе протерани од други области, јавува Ројтерс.
Министерот за одбрана Јоав Галант го нарече суштинска фаза од неговата мисија да го уништи Хамас.
Десетици илјади жители на Газа бегаат од преполните централни области Буреиџ, Магази и Нусеират, пред израелските сили чии тенкови напредуваат од север и исток.
Повеќето од нив тргнаа на југ или на запад до веќе преплавениот град Деир ал-Балах, поставувајќи импровизирани шатори доколку најдат местом за тоа….
„Многу страдавме. Цела ноќ ја поминавме без засолниште, под дожд и беше студено, бевме со нашите деца и постарите жени“, рече Ум Хамди, готвејќи каша во тенџере над отворен оган, опкружена со деца.