Како објави World population review, најинтелегентните луѓе во светот се во Јапонија, со просечен коефициент на интелигенција од 106.48, додека зад нив следуваат Тајванците со коефициент од 106.47 и Сингапурците со 105.89.
Меѓу првите десет земји во светот според коефициентот на интелигенција на населението се уште и Хонг Конг, Кина, Јужна Кореја, Белорусија, Финска, Лихтенштајн и Германија.
Во регионот најдобро котира Словенија која се наоѓа на 23.место со просечен коефициент од 98.6. Хрватска е на 37.место со просечен IQ од 95.75. Србија е 59-та со просечен IQ од 89.6, БиХ е на 66.место со 88.54, а Црна Гора е на 82.место со просечен коефициент на интелигенција од 85.78. Македонија е на 108-то место. Пред Македонија е Порторико, а зад нас Албанија.
Понатаму се редат Либан, Филипини, Перу и други.