Анализа на политички емисии кои се емитувале вчера на македонските национални телевизии покажува дека најгледани шоуа во кои тема е политика а се емитуваат повеќе од еднаш во неделата се “Само вистина” на Канал 5, “Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ и “360 степени” со Васко Попетревски на Алсат М.
Од емисиите емитувани вчера води “Само Вистина” на Канал 5 (Елизабета Гелевска и Мирјана Трпческа) со 76,000 гледачи пред “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа со 44 илјади со таа разлика што емисијата на Горан Момироски и Драган Милосавлевиќ гледачите ја гледале за десетина минути подолго а во исто време на Канал 5 вкупно дошле повеќе од двојно повеќе гледачи од тие што дошле на ТВ Алфа.
Дадените бројки погоре се однесуваат на просечниот број гледачи кои ги гледале целите емисии додека вкупниот број на гледачи кои гледале најмалку една минута е далеку поголем.
Додека на “Заспиј ако можеш” процентот на тие што ја изгледале целата емисија е речиси 50 насто кај “Само вистина” нешто повеќе од 30 проценти останале до крај на емисијата.
Од другите емисии “Топ тема” на Телма ја гледале над 29 илјади гледачи, емисијата “Што не е јасно” на Алфа околу 27 илјади а “Анализа 24” на ТВ24 ја гледале околу 24 илјади луѓе.
Други вести
По синот и родителот со недолични напади
Таткото на Зоран Заев во одбрана на синот ги нападна Гошев и Героски (ВИДЕО)