Капитенот на Реал Мадри, Серхио Рамос, е во фокусот на вниманието кај шпанската јавност, овдој пат поради својата свадба со Пилар Рубио.

Подготовките за „свадбата на столетието“, како што ја нарекуваат во Шпанија се во завршна фаза, а Рамос својата најлуда ноќ ќе ја овековечи и со присуство на легендарната рок група AC/DC. 

За нивното учество на свадбата тој се согласи да одвои неверојатни еден милион евра. 

Рамос и Пилар се во врска шест години, а нивната свадба која ќе се одржи во шпзнатата катедрала во Севиља, ќе биде збогатена со присуство на голем број на популарни личности меѓу кои и Дејвид и Викторија Бекам, Шакира, Зидан…