Пред точно еден месец министерот за политички систем и прв заменик премиер, Артан Груби, најави дека 1.349 рамковнo вработени, административни службеници во Министерството за политички систем кои не одеа на работа бидејќи немаа каде, а земаа државна плата – ќе бидат работно ангажирани.
И навистина, пишува 360 степени, Груби им подели акти за упатување на административците во други институции, согласно претходно договорениот владин план, но…
Во Управата за водење на матичните книги кој е орган во состав на Министерството за правда за 360 степени велат дека според буџетот за 2021 година, во институцијата работат 501 лице, а со трансферот на вработени од Министерството за политички систем, Управата доби 38 нови кадри, што е зголемување на работната сила за околу 7,5 %.
Но, спротивно на најавите, тие сѐ уште не почнале со работа, се додека не се добие одобрена систематизација, од Управата не можат да потпишат договори со новите кадри за тие да почнат на работат.
Според „360 степени“ ситуацијата е слична и во други институции, но од секаде стигна ист одговор – новите кадри не работат.