Над 8 милиони евра годишно ја чинат државата 1,300 вработени кои седат дома, а земаат плата. Според официјалните бројки, во Министерството за политички систем вработени се вкупно 1,500 лица, дознава Сител.

Секој од нив во просек зема по 6,300 евра годишно, односно нешто над 500 евра месечно.


Сега Владата им нуди 2 шанси за да почнат со работа, ако не ги прифатат, ќе добијат отказ.