Kaј криминалната група која била лоцирана во подземна гаража на хотел во „Сончев брег“ во Бугарија која била претворена во печатница, биле пронајдени 360 илјади долари и 410 илјади евра и плус пасош на познатиот „Рамбо“, пренесува бугарски портал .

Фалсификуваниот пасош бил „издаден“ од МВР Софија , а на негио пишува дека актерот Силвестер Сталоне е роден во Софија и кај националноста му стои – Бугарија.
Бугарскиот портал уште додава :
„Пасошот беше презентиран пред клиентите како примерок за високо квалитетна изработка, според Специјалното обвинителство. Девет лица се приведени, а шест се веќе обвинети.“
линк до оригиналната вест