Рама за иницијативата „Отворен Балкан“: Не може веќе да ја чекаме ЕУ

Не можеме повеќе да ја чекаме ЕУ, тие може нешто да ветат, па тоа да не исполнат и постојано така, тоа е веќе нивна работа. Ние веќе не можеме да чекаме, мораме да се движиме напред“ – изјави албанскот ремиер Еди Рама на онлајн самитот посветен на иницијативата „Отворен Балкан“.

Тој потсети дека иницијативата нема за цел да создаде нова Југославија како што обвинуваат некои или дека претставува утешна награда за членството во ЕУ.

Напротив вели тој, земјите од „Отворен Балкан“ со меѓусебното економско поврзување ќе бидат поспремни за членството во ЕУ.