Албанскиот премиер Еди Рама во својство на претседавач со Советот за безбедност на Обединетите нации застана во одбрана на претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, на чие присуство и говор на седницата за Украина реагираше рускиот амбасадор Василиј Небензја, исто како и за украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Ние се противиме на присуството на министерот за надворешни работи на Македонија и за ова го информиравме албанското претседателство и Советот за безбедност. Доколку албанското претседателство со Советот за безбедност му дозволи на господинот Османи да зборува, сметаме дека тој може само да ги искаже консензуалните позиции на ОБСЕ. Морам да нагласам дека ОБСЕ поради деструктивниот пристап на западните сили не придонесува на никаков начин во процесот на решавање на ситуацијата во Украина, туку само ја влошува“, рече Небензја.
„Морам да кажам дека доаѓањето од вас целото ова предавање за кршење на правилата во оваа зграда е доста импресивен удар. Да се согласиме – ја прекинувате војната, а Зеленски не добива збор. Тоа доаѓа од нешто што вие сте го направиле. Сакав да ги уверам моите руски колеги дека тоа не е постапка на албанското претседателство, туку продолжување на консолидираната политика, која е во целосна согласност со политиките на Советот“, му одговори Рама.
Целото препукување меѓу Рама и Небензја во прилогот на ТВ 21: