Дозволете ми да изразам тага поради ЕУ. Жал ми е за нив. Се обидов да укажам на неколку работи на средбата. Се надевам дека ќе им помогнеме. Се обидов да кажам некои работи на состанокот, ќе споделам некои од со вас. Никој од нас не не слуша како Европејци, туку како гости, и тоа е навистина загрижувачки, рече албанскиот премиер Еди Рама на заедничката прес конференција со Ковачевски и Вучиќ.

-Мишел ни рече имаме 3 минути, му реков дека може да бидат и 30 секунди ако го одржеа зборот, но тие не го одржаа. Се чуствував лошо, бидејќи се уште не може да сме тука како Европејци, туку како разделени пријатели на една куќа. Вистина е многу разочорувачки што и една пандемија во светско ниво, не можеше да не зближи, да не спојува. Ние имаме многу да направиме. Од една страна јас мислам дека сме направиле многу и уште ќе направивме за да ја поддржиме идејата на Макрон, за една цел што е стратешка политика, и ќе го продолжиме нашиот пат, со надеж дека идниот век ќе станеме членка, ќе го цениме ако овој нов европски комитет е на висина за да биде една заедничка куќа, како едно единствено семејство, рече албанскиот премиер.

Рама потсети дека Северна Македонија е кандидат за членство во ЕУ веќе 17 години и дека дури и го сменила името, додека Албанија чека 8 години.

-Замислете Франција да го променеше своето име“, рече Рама.

Тој додаде дека „Бугарија е срамота“, но дека тоа не е единствената причина да се запре процесот на проширување на ЕУ. Тој посочува дека и покрај се, балканските земји ќе бидат во ЕУ. Тој се залагаше и за визна либерализација за Косово.

„Не ни ја убивајте вербата во нашата европска иднина, бидејќи Албанците се уште веруваат“, рече Рама.