Рама: Обвинувањата на Карла дел Понте за злосторствата на ОВК се лажни вести

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека обвинувањата на поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, за злосторствата извршени од припадници на ОВК се лажни вести, пишува „Албанијан пост“.

Во денешното обраќање пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (СЕ), Рама ја критикува резолуцијата на СЕ од 2011 година за нелегална трговија со органи на луѓе киднапирани на Косово оценувајќи дека тврдењата на Дел Понте за вмешаност на членови на ОВК во трговија со органи се засновани на сомнителни извори.

„Ова обвинение се најде на насловните страници од Европа до Австралија и покрај тоа што обвинувањата во Косово беа категорично отфрлени. Најмистериозното прашање беше што го спречи моќниот обвинител да истражува понатаму“, рече премиерот на Албанија.