Премиерот на Албанија, во интервју за шпанската телевизија РТЕ, вели дека Косово е последното поглавје од болниот распад на поранешна Југославија.

„Без сомнение признавањето на Косово како суверена држава, независна од Србија е последното поглавје во болната историја на распадот на Југославија ,” вели Еди Рама.

Тој оцени дека фактот што Шпанија не ја признава независноста на Косово има врска со нејзините внатрешни проблеми, а не затоа што има проблеми со Албанците или со самото Косово.

„Многу добро знаеме дека позицијата на Шпанија нема никаква врска со каков било проблем поврзан со Албанците или со самото Косово, туку има врска со историјата и нејзините внатрешни проблеми. Мора да бидеме многу јасни овде, бидејќи не постои можна споредба помеѓу внатрешните проблеми на Шпанија поврзани со независни или сепаратистички движења и одвојувањето на Косово од Србија“, рече Рама.