Рама на ветувањата на Брисел не им верува

Наспроти оптимизмот на македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој верува дека до 2030та влчез во ЕУ е остварлива цел за Македонија, неговиот албански колега со потрезвен резон.

Еди Рама, вели дека не верува оти во 2030 година Албанија ќе влезе во ЕУ и нагласи дека Европаската Унија треба повеќе да ги поддржува земјите од Западен Балкан, а не само да критикува.

„Не верувам дека во 2030 година ќе бидеме во ЕУ. Земјите кои влегуваат на патот на ЕУ до моментот кога ќе станат членки, не само што треба да имаат реформи и критики, кои се неопходни, туку да имаат и поддршка. Не велам од финансиска гледна точка, туку и од нашиот пристап до заедничкиот пазар за нашите претпријатија“, рече Рама вчера во Блед, Словенија.

Тој се пошегува на панел дискусијатана Бледскиот самит:

„Со овој панел како автобус трагично сум пооптимист. Иако е подобар од руски авион“, рече албанскиот премиер.