Рама: „Голема Албанија“ е израз што потекнува надвор од Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Јуроњуз Србија изнесе забелешка за терминот „мини Шенген“, со образложение дека таквата идеја  не е воопшто мала, туку е мошне голема работа за Западен Балкан.

„Не ми се допаѓа тоа „мини“. Тоа е голема работа за нас. Повеќе го сакам зборот „регионален Шенген“, што значи простор во кој сите можеме да ги примениме четирите европски слободи, а во меѓувреме, сите поединечно да имаме свој пат во насока на Европска интеграција“.

Коментирајќи ги гласините за „Голема Албанија“, Рама рече дека тој не познава никого кој ја поддржува таква идеја.

„’Голема Албанија’ е израз што потекнува надвор од Албанија и го охрабруваа оние што сакаа да создадат опасно чудовиште, кое, се разбира, би го претставувале опасните Албанци. Голема Албанија е нон-сенс сам по себе“, рече Рама.

,,И ,,Голема Србија“ е нешто што секогаш се споменува, но идејата за обединување во рамките на Европската Унија ги надминува етничките поделби“, додаде Рама.