Во саботата, албанскиот премиер Еди Рама го повика Александар Вучиќ да ја осуди изјавата на српскиот министер за одбрана Александар Вулин, според кој неговата најава дека Драч ќе биде и косовско пристаниште претставува продолжение на проектот за создавање на „Голема Албанија“, јавува Ал Џезира.

Во порака на Твитер, Рама се прашува дали ова е реално или станува збор за потсмев од „измиени мозоци и валкани усти што го држеа нашиот регион во темница со векови“.

„Многу би сакал да е шега, бидејќи во спротивно тоа би било очајна представа на лошо размислување, што, без сомнение, треба да го осудите“, му порача Рама на Вучиќ.

Српскиот министер за одбрана, Вулин, претходно оцени дека Европската унија ќе молчи и нема да преземе ништо.

„Голема Албанија е природна Албанија, а Србите обединети во една држава се закана за мирот. Она што ќе им го дадете на Ши..арите, не можете да им го забраните на Србите“, порача министерот за одбрана на Србија.