„…она што направи Али Ахмети за унапредување на правата на Албанците во соседната земја и нивното афирмирање како рамноправни граѓани на Република с. Македонија, е историска лекција за сите нас и за генерациите што доаѓаат“.
Ова меѓу другото го објави на социјалната мрежа ‘Х’ албанскиот премиер Еди Рама.
Пораката доаѓа пред денешниот ден кога се очекува Талат Џафери да ја преземе функцијата премиер на техничката влада во Македонија.
За Рама, изборот на прв премиер Албанец е историски момент, а во објавата оценува дека „лидерот на ДУИ, Али Ахмети направил многу за правата на Албанците во РсМ“.
Тој споделува фотографија од Џафери со Ахмети и пишува „момците сакаат моќта да ја препознаат другите, а мажите да прават за другите“.
Во меѓувреме албанските медиуми, без исклучок пренесуваат информации околу изборот на новата техничка влада, со посебен акцент на изборот на Џафери за прв Албанец премиер и со потсетување дека тој е еден од командантите на ОНА.
Ali Ahmetit mund t’i bëhen kritika plot brenda vendit, sepse është e drejta dhe detyra e kujtdo që është në opozitë të kërkojë më shumë nga kushdo që është në pushtet… Por çka ka bërë Ali Ahmeti me pushtetin për përparimin e të drejtave të shqiptarëve në shtetin fqinj, e për… pic.twitter.com/GR5vjn6lx5
— Edi Rama (@ediramaal) January 27, 2024