Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека целта и стремежот на неговата кариера е обединување на Косово и Албанија, негирајќи дека тоа е негов личен интерес, пренесува РТК.
„Претседател на Албанија и Косово?! Тоа не е во моите планови! Обединувањето на Албанија со Косово, да! Тоа е стремежот“, рече Рама во емисијата „Слободна зона“ на ТВ Клан Косово, пренесе „Косово Онлајн “.
Според него, по 2030 година, тој не се гледа себеси во политиката, туку некаде на друго место, но тоа не го спречува во планот за обединување на Албанија и Косово.
