Рама е новиот градоначалник на Приштина

Архитектот образован во Британија Перпарим Рама, победи во трката за градоначалник на Приштина.

Со пребројани над 98 отсто од гласовите, прелиминарните резултати на Централната изборна комисија покажаа дека опозиционерот од редовите на Демократскиот сојуз на Косово, Перпатим Рама, победи во вториот круг со 51 отсто од гласовите, против противкандидатот и поранешент министер за здравство Арбен Витија од владејачкото движење Самоопределување.

ДСК прогласи победа на прес-конференција, при што Рама вети дека ќе биде „градоначалник на сите граѓани на Приштина“.