Рама: Албанија не може да му помогне на Косово кога Приштина покажува слабост

Албанија не може да му помогне на Косово кога нејзиното раководство ја покажува својата слабост,изјави албанскиот премиер Еди Рама.

„ Да, Албанија не може да му помогне на Косово кога нејзиното раководство ја покажува својата слабост, што на геополитичката шаховска табла носи позиционирање што е определено од потребите на внатрешната политика. Албанија е земја со сè поконсолидирана позиција за интересите на Албанците, на сите Албанци кои никогаш немале поголем заштитник од денес.

Не може Албанија да стане кукла на која било дневна политика, вклучително и во Косово, што може да ја ослаби нашата меѓународна позиција“, порача Рама.

На обвинувањата на опозицијата за неговиот став КФОР да ја преземе контролата на северот, рече дека „границата на северот е како искината мрежа, од која влегува оружје, дрога и пекол“ и оти „Косово нема сила да ја контролира границата“.