Треба да ја зајакнеме и сочуваме особината на регионот без да се плашиме дека ќе имаме повеќе проблеми отколку причини да се збилижиме.

Ако Европа сака свадба, ние сме тука, ако не сака, ние пак сме тука, рече премиерот на Албанија Еди Рама, во обраќањето на самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид, говорејќи за тоа што значи иницијативата за иднината на регионот.

„Велам свадба бидејќи секогаш кога доаѓа Европскиот совет се спремаме како за на свадба. Албанија веќе не се спрема за свадба.

Ако е случи ќе одиме како што сме облечени, нема да сме свечено, нема оркестар, нема да трошиме на банкет и сватови, па да нема кој да дојде по невеста или нема да дојде зетот.

‘Отворен Балкан’ е младоженецот, а невестата е ЕУ. Ова е лошо за нас, подобро да бевме невеста побрзо ќе не земеа. Кога си маж со толку проблеми, со такво минато, е голем прблем. Но, нашиот пат е многу јасен – ние сакаме Европа да ја изградиме овде, наши системи на функционирање и потоа кога тие ќе сакаат свадба ќе бидеме подоготвени“, рече Рама. пренесе 360 степени