Машката ракометна репрезентација на Македонија, која се подготвува во Словенија за претстојното Европско првенство, за Божик го посети македонскиот православен храм „Светски Климент Охридски“ во Љубљана.
Во духот на големиот христијански празник, „црвено-жолтите“ потоа заминаа на божикен ручек.
Во рамките на групата Б во Виена, избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе стартуваат на 10 јануари од 20:30 часот против Украина, два дена подоцна од 16 ч. ќе ги одмерат силите со Чешка и на 14 јануари од 18:15 ч. ќе играат со соорганизаторот Австрија.
Ова ќе биде шесто учество на Македонија на ЕП. Најголем успех е петтото место во 2012 година во Србија, а на последниот шампионат пред две години во Хрватска го освои 11. место.