На денешното продолжени на судскиот процес „Рекет“ денеска вo Кривичниот суд сведочеше Александар Радуловиќ, сопруг на познатата писателка Марина Туцаковиќ.
Радуловиќ рече дека две години му давал пари на Бојан Јовановски и бил дел од финансоерите на 1ТВ.
„Бојан ми кажа дека отвара телевизија овде во Македонија. Ние сакавме да го прошириме нашето музичко влијание во овој регион. Ние бевме согласни да бидеме кофинансиери на еден таков проект. Две години му дававме на Бојан извесни суми за тој полека да започне да го стартува тој проект. Му дававме секогаш приватно финансии кога му требаа“.
Радуловиќ исто рече дека последен пат се виделе лани околу нова година и на 20 јануари кога му порачале (со сопругата) доколку оди за Милано да им ги донесе лекарства за Марина и облека.
Сведокот рече дека со Бојан Јовановски се добри пријатели како и со неговото семејство.