Откако не успеа последниот обид за обезбедување стабилно мнозинство оваа недела, Радев најави дека ќе го распушти парламентот на 3 февруари и закажа нови избори за 2 април.
Набљудувачите ни по тие избори не очекуваат јасно мнозинство.
Предвремените избори на 2 април можеби нема да бидат последните парламентарни избори за 2023 година, прогнозираат политиколози. Наесен во Бугарија може да има избори 3 во 1. Вакво мислење на ТВ Нова го искажаа политиколози Димитар Ганев од „Тренд“ и Парван Симеонов од „Галуп интернешнал“.
Според нив, доколку по претстојното гласање оваа пролет повторно не се формира редовна влада, наесен може да има нови избори заедно со локалните , но и референдум за кои веќе собираат потписи „Преродба“ и „Има таков народ“.
Трифонов иницира референдум Бугарија да добие претседателски систем
Причина за иенизвесност по априслските избори е поделеноста на бугарското општество.
Од една страна е владејачката конзервативна партија ГЕРБ на долгогодишниот премиер Бојко Борисов, која е осомничена за корупција. На изборите во октомври стана најсилната партија со над 25 отсто од гласовите.
На другата страна е реформската партија „Продолжуваме со промената“ на последниот премиер Кирил Петков. Не така одамна ПП доби нешто повеќе од 20%, но, сè уште е премногу слаба да се формира стабилна влада без ГЕРБ.
Ситуацијата изгледа безнадежна. Политикологот Слави Василев зборува за нарушен политички дијалог поради што не е возможно движење.
Според Василев, земјата „очигледно оди во ќорсокак. Сигурен сум дека на следните предвремени избори повторно ќе се најдеме во истиот ќорсокак“. Веќе се разговара за избори и на есен оваа година, пренесува БГНЕС анализа на АРД.
Поради постојаната политичка криза во неговата земја, 59-годишниот Радев стана заштитно лице на Бугарија. Поранешниот борбен пилот и шеф на бугарското воено воздухопловство „владее“ така да се каже од мај 2021 година, назначувајќи привремени влади со мал простор за маневрирање.
Иако во последната година неговиот рејтинг падна од 51% на само 36%, сепак најголема доверба ужива Радев.
Набљудувачите го објаснуваат фактот дека неговиот имиџ неодамна страда од неговиот став кон Русија и војната во Украина. Со негов благослов, преодната влада се обиде да се доближи до руската енергетска компанија Газпром. Радев се изјасни и против испораката на оружје за Украина, бидејќи според него тоа би значело „гаснење пожар со бензин“.
