„Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република с.Македонија и Албанија“ ќе бидат темите на свиканиот состанок на Советот за национална безбедност што бугарскиот претседател Румен Радев, го свика за понеделник.
Радев го најави состанокот минатиот месец.
„Важно е да имаме став на ова политичко тело, за кој и партиите ќе имаат јасна позиција за тоа што треба да се направи за да се забрза процесот на интеграција на РСМ во ЕУ, но имајќи го предвид и почитувајќи го бугарскиот национален интерес“, изјави тогаш Радев.
Состанокот на Советот за безбедност доаѓаво пресрет на најевената посета на бугарскит премиер Кирил Петков на Македонија.
Консултативниот совет за национална безбедност, со кој претседава шефот на Бугарија, ги вклучува претседателот на Народното собрание, премиерот, министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи, министерот за надворешни работи, министерот за финансии, претседавачите на пратенички групи и шефови на специјални служби.