Радев утре почнува консултации за состав на бугарска влада

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе одржи консултации со претставници на пратенички групи во 46-то Национално собрание пред да му го предаде мандатот за формирање влада на кандидат за премиер од партијата (Има таков народ) која осви најмногу (65) пратеници на предвремените избори.

консултациите со пратеничките групи предвидени со Уставот ќе се одржат во петок, 23 јули.

Првите кои се поканети на претседателството се „Има таков народ“(ИТН), еден час подоцна треба да влезе ГЕРБ-СДС, потоа – „БСП за Бугарија“, следуваат „Демократска Бугарија“(ДБ), ДПС и, конечно, групата на „Излези БГ! Ние не доаѓаме! (ИБНИ)“.