Бидејќи ниту ГЕРБ, ниту ПП-ДБ не можеа да соберат критична маса гласови за да ѝ се стави крај на политичката криза, Бугарија тргна во насока на претседателско владеење, оценувбаат бугарски аналитичари загрижени дека Бугарија ќе продолжи со генерирање кризи…

„Претседателот Румен Радев практично ја користи извршната власт преку привремените кабинети што ги назначува од мај 2021 година.

Реизбран за втор мандат во 2022 година, Радев е во силна политичка позиција. Без редовна влада на власт, тој го има последниот збор преку привремениот кабинет за критичните одлуки – дали Бугарија ќе испраќа оружје во Украина или како да го приспособи енергетскиот сектор на земјата на регионалниот и глобалниот пазар што брзо се менува. Работите да бидат уште полоши, шефот на државата не одговара пред законодавниот дом, кој мора да се самораспушти секогаш кога нема да гласа за новата влада“ – изјави политичкиот аналитичар и универзитетски професор Димитар Бечев.

Инаку од Коалицијата „Продолжуваме со промените“/„Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) соопштија нема да поддржат влада со мандат или учество на ГЕРБ.

Лидерот на ПП и бившп премиер со најкус стаж во историјата на Бугарија Кирил Петков рече дека доколку ГЕРБ не успее да формира влада со првиот мандат, ПП-ДБ ќе предложи кабинет со вториот мандат.