Радев: Ризик е смена на министер за одбрана во ек на воена криза

Смената на министерот за одбрана во екот на воената криза во соседството е ризик за кој е одговорна владејачката коалиција.

При изборот на министер, мнозинството мора да се раководи од разбирањето на суверенитетот, професионалната компетентност и способноста да го брани бугарскиот интерес, се вели во соопштението на бугарскиот претседател Румен Радев

Утрово премиерот Кирил Петков ја објави својата намера да побара оставка министерот за одбрана Стефан Јанев, кој даде голем број контрадикторни изјави за кризата во Источна Европа – од уверувањето дека „нема тензија денови пред почетокот на воената интервенција, преку препораката не да читаат медиуми до одбивањето да се користи зборот „војна“ за она што се случува во Украина и да се инсистира дека тоа е ‘операција’“.